Microsoft Teams е конкурентот од оваа компанија на познатиот и масовно користен Slack. Се користи за комуникација на вработените во една компанија, разговори кои може да се поделат според проекти или било какви групи, а овозможена е и соработка со луѓе надвор од компанијата.

Покрај другите функции, овие апликации се разбира овозможуваат и видео повици кои за деловните корисници се важен дел од комуникацијата.

Оваа апликација од Microsoft доби една новина која е едноставна, но може да се замисли како би имала корист во многу ситуации, а би сакале да ја видиме во повеќе други апликации.

Со помош на вештачката интелигенција, корисниците можат да вклучат заматување на позадината при видео повиците. Со тоа ќе остане чисто да се гледа само лицето на корисникот, а се што се случува зад него, ќе остане заматено, односно нема да може да се види.

Ова е корисно за ситуации кога разговорот се води од просторија во која некој често поминува позади говорникот, па може да предизвика привлекување на вниманието на страна од разговорот.

Примерот којшто е даден во најавата на оваа функција е со професор којшто се вклучува во вести во живо на BBC да говори на одредена тема, а во меѓувреме неговото дете поминува да си игра зад него.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2TNW
Претходна статијаПост-референдумски: Може ли блокчеин да ја унапреди демократијата?
Следна статијаКако да ослободите простор на вашиот компјутер по инсталација на Windows 10 надградба
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.