Иако Windows 10 October Update е привремено паузирана поради проблем со бришење на податоци од корисниците, оваа надградба сепак беше инсталирана на голем број на уреди, а и ќе продолжи да се инсталира наскоро.

По инсталирањето на секоја надградба на Windows 10, корисниците имаат одреден период во којшто можат да се премислат, поради која и да е причина, па да ја вратат старата верзија од оперативниот систем.

За таа цел податоците од старата верзија се чуваат во посебна папка која обично е повеќе гигабајти и троши не толку мал дел од дискот на корисникот, нешто што може да биде проблем за корисниците со помали дискови или за корисниците кои трошат голем дел од дискот.

За да не барате самите по папките што е тоа што може и треба да биде избришано, а исто така да не користите одредени апликации од трети страни и да ризикувате потенцијални проблеми, како и проблеми со приватноста како што се случи со познатиот CCleaner, Windows 10 има вградена алатка токму за оваа намена.

Истата можете да ја користите за бришење на сите видови на непотребни датотеки, а најдоброто во сето ова е што самиот Windows препорачува што е сигурно да се избрише.

До алатката може да се пристапи преку Settings > System > Storage. Во овој дел може да видите колку од вашиот диск е слободен, како и детална листа на тоа какви податоци го зафаќаат просторот.

Малку подолу се наоѓа опцијата Free up space now, па со притискање на неа, Windows почнува да пребарува што е тоа коешто може да биде избришано. Доколку целта ви е да ги избришете само старите податоци од надградбата на Windows, тогаш само тоа треба да го означите од листата, односно означете ја „Previous Windows Instalation(s)“.

Овој дел може да има повеќе гигабајти, па дури и над 10, што не е воопшто малку. Означете го делот и притиснете на „Remove Files“. Податоците од старата верзија од Windows ќе бидат избришани и вие ќе вратите значителен простор на вашиот диск.

НАПОМЕНА: Доколку ја избришете оваа папка, веќе нема да ја имате можноста да се вратите на постара верзија од оперативниот систем.

Претходна статијаMicrosoft Teams овозможува заматување на позадината при видео разговори
Следна статијаДали „зависноста од Netflix“ станува вистински психолошки проблем?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.