За корисниците, односно малите компании од САД и Канада, Microsoft Teams воведе можност за наплата од нивна страна за одредени видео конференции, вебинари, часови и слично.

Ова е одлична можност која ќе отвори простор компаниите да овозможуваат одредени услуги без потреба од сретнување во живо, а секако тука се и можностите за наплата на вебинари и слични услуги.

Наплатата во Microsoft Teams е направена во соработка со компании како PayPal, Stripe, како и GoDaddy. Корисниците ќе можат да ги користат овие сервиси за да примаат уплати, кои засега се направени да бидат еднократни, односно нема можност за месечни претплати.

Microsoft при крајот на минатата година најави посебен додаток за Teams, кој меѓу другото, ја додава можноста за вебинари и слични конференции преку апликацијата. Додавањето на можноста да се наплати од ваквите конференции е логичниот нареден чекор.

Онлајн конференциите на сите ни е јасно дека ја добија својата главна популарност со пандемијата, но за многу бизниси овој начин на функционирање остана подобар и поисплатлив.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаBrave Search почна да функционира целосно независно
Следна статијаНа Google I/O идната недела ќе го видиме и поевтиниот Pixel 7a
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.