Microsoft ја најави Microsoft Teams Premium верзијата, односно додатокот, при крајот на минатата година. Замислен е како начин да им се овозможат повеќе функции на компаниите на кои им се потребни, но со додатна претплата. Со ова, одредени нови функции им се ексклузивно достапни само на Premium претплатниците, но сепак функциите кои се дел од стандардната претплата се доволни за повеќето компании.

Една од главните новини кои доаѓаат со Microsoft Teams Premium е резултат на соработката и инвестирањето на Microsoft во OpenAI. Најавените функции помогнати од вештачката интелигенција, сега знаеме дека доаѓаат со помош на OpenAI, поточно најновата верзија од ChatGPT.

Од компанијата истакнуваат дека сите овие функции овозможуваат извршување на активности за кои обично се потребни доста додатоци кои чинат повеќе. Со вештачката интелигенција корисниците добиваат или наскоро ќе добијат можности како што се „интелигентно сумирање“ на состаноците, односно автоматско генерирање на белешки, препораки за задачи, како и други работи за кои обично требаат повеќе луѓе за да ги организираат големите состаноци и заклучоците потоа.

Друга доста корисна и интересна функција која може да се очекува како резултат на вештачката интелигенција е автоматското генерирање на поглавја од состаноците. Со тоа состаноците ќе биде поделени на одредени делови кои прават да биде полесно да повторно се прегледаат за да се најде нешто важно.

Додатно, овие поглавја ќе може да бидат направени врз основа на говорникот, па со едноставно притискање на сликата од говорниот, ќе може да се отиде на делот од видеото каде тој говори.

Како дел од Microsoft Teams Premium тука се и можноста за додавање на лого од компанијата на состаноците, посебна позадина, да се креираат посебни „сцени“ за together режимот, да се ставаат ознаки на презентациите, да се заштитат состаноците со нивно шифрирање, да се креираат посебни темплејти за состаноците, посебен дел за организирање на вебинари и слично.

Сето ова корисниците ќе ги чини дополнителни 10 долари по корисник месечно, на претплатата која веќе ја плаќаат за Microsoft 365. Иако не се работи за голема сума на пари, сепак е јасно дека ќе им се исплати во главно на компаниите на кои навистина им се потребни овие функции.

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаMeta можно е да го следи примерот на Twitter и да воведе платена верификација на профилите
Следна статијаMicrosoft изгледа е блиску до пуштањето на Bing верзијата направена со интеграција со ChatGPT
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.