Фото: Microsoft

Microsoft ја пушти првата верзија од новиот додаток за Microsoft Teams, наречен Microsoft Teams Premium. Овој додаток, кој може да се користи 30 дена бесплатно, е достапен за бизнис корисниците на сервисот, односно за претплатниците на Microsoft 365.

Со оглед на тоа што овие корисници веќе плаќаат претплата, овој додаток ќе треба да вреди за дополнителните 10 долари кои треба да се додадат на веќе постојната цена.

Листата на функции кои се дел од Microsoft Teams Premium се гледа дека има доста корисни работи, па на корисниците на кои навистина би им требале, нема да се мислат за вклучување на додатокот.

Premium додатокот се вклучува преку Microsoft 365 администраторскиот центар, а листата со функции ги вклучува следните.

  • Можност за додавање на лого од компанијата, позадина во „чекалната“, како и посебни можности за together режимот на конференции
  • Автоматско преведување на состаноците на 40 јазици со помош на вештачка интелигенција
  • Користење на вештачката интелигенција за сумирање на состаноците, како и повеќе други функции со помош на ВИ
  • Заштита на состаноците со ознаки, од-крај-до-крај шифрирање, заштита од копирање на разговорите, како и заштита од слики од екранот
  • Можност за организирање на вебинари со посебни можности, чакални, автоматско одобрување за влез

Microsoft одлично ги објаснува новите функции кои се достапни со Microsoft Teams Premium во видеото во продолжение. Дел од функциите се достапни веднаш, додека некои ќе бидат пуштени идниот месец.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаЕлон Маск прашува дали да се тргне од директорската позицијата во Twitter
Следна статијаССК: Малите и микро претпријатија на удар на измени на Законот за данокот на добивка
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.