Фото: Shutterstock.com

Meta изгледа размислува да го следи примерот на Twitter и да почне да заработува преку наплата за добивање на син беџ, кој сега означува верификуван и потврден профил. Ова и не изненадува толку, кога ќе се земат во предвид намалените приходи од реклами по промените во прилагодувањата за приватност од страна на Apple.

Дека од Meta размислуваат за вакво нешто доаѓа преку разгледување на кодот на Instagram апликацијата во која се пронајдени неколку редови на код од кој може да се добијат претпоставките.

Од кодот се гледа дека вакво нешто не се планира само кај Instagram апликацијата, па истото можно е да биде достапно и кај Facebook.

Ако од Meta навистина работат на оваа новина и ја воведат во иднина, едно е јасно, сините беџови до името на профилот веќе не значи ништо. Корисниците ќе можат да си платат и да ја добијат ознаката, па само се надеваме дека од компанијата ќе најдат некое решение за да ги издвојат овие профили, односно да не настане „хаосот“ кој се случи со Twitter.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаGalaxy S23 серијата не дојде со можност за сателитска комуникација
Следна статијаMicrosoft Teams Premium достапен за сите корисници со дополнителни функции и вештачка интелигенција од OpenAI
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.