Microsoft се едни од најголемите инвеститори во OpenAI компанијата која првично стана позната поради нејзиниот ко-основач Елон Маск, а при крајот на минатата година со пуштањето на јавната верзија од ChatGPT, нешто за кое нема кој не прочитал. Од компанијата веќе имаат инвестирано во 2019 и 2021 година, а сега најавуваат продолжување, односно ја најавуваат третата фаза на инвестиции кои ќе бидат долгорочни.

Со ова станува јасно дека од Microsoft планираат да ги користат напредоците кои ги постигнува OpenAI во нивните производи, а најавија дека може да се очекуваат алатки како за бизнисите, така и за обични корисници. Ова значи дека може да се очекува интеграција на вештачката интелигенција повеќе во производите како Windows, Microsoft 365, Bing и други.

Од компанијата веќе го најавија новиот сервис Azure OpenAI преку кој на компаниите им стануваат достапни нови алатки преку Azure сервисот за креирање на сопствени модели и примена на вешатачката интелигенција.

Нема конкретни информации за тоа колку ќе биде голема најавената инвестиција за која само се истакнува дека ќе биде повеќе милијарди долари, а според неофицијалните информации, истата треба да достигне и до 10 милијарди.

Azure останува ексклузивниот сервис на кој ќе работи OpenAI, а Microsoft планира тој да стане главниот ваков сервис кога е во прашање вештачката интелигенција.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаGoogle ќе отпушти 12.000 од своите вработени
Следна статијаШифрирањето на iCloud податоците достапно за сите корисници во светот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.