По претставувањето на Bing Wallpaper за Windows 10 минатата недела, Microsoft оваа недела ја претстави Bing Wallpapers на Android платформата. Со тоа корисниците на овие две платформи добиваат официјални апликации за симнување на позадините од Bing пребарувачот, нешто што досега го правеа преку повеќе неофицијални апликации.

Bing пребарувачот секој ден има нова позадина, а тие се доволно добри и популарни кај корисниците за да во продавниците за апликации се појават поголем број на апликации кои овозможуваат поставување на позадината со некоја од овие слики, како и автоматска промена со ново излезените.

Bing Wallpapers го овозможува истото, односно корисниците покрај тоа што ќе имаат избор од многу слики за да ги постават како позадина на нивниот Android уред, тие ќе можат да изберат тие автоматски да се менуваат секој ден, недела или месец.

Покрај ова, Bing Wallpapers ги дели сликите според категории, па со тоа корисниците ќе можат полесно да дојдат до тоа што им се допаѓа во моментот.

Сепак, за жал, оваа апликација, за разлика од таа на Windows 10, не е веднаш достапна во сите земји, не е јасно зошто, па се надеваме дека истото наскоро ќе се случи.

Bing Wallpapers е достапна во Play Store на овој линк, па кога ќе стане достапна во нашата земја, ќе може да се симне.

ИЗВОРTNW
Претходна статијаИнтервју со проф. Димитар Ковачевски, Шеф на катедрата за Маркетинг при УАКС – Што значи кризата од комуникациски и медиумски аспект
Следна статијаДа се потсетиме на K-Pax (2001)
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.