Microsoft-Edge

После падот на Internet Explorer, некогаш најмоќниот прелистувач на светот, Microsoft мора да го покаже најдобро што го знае во новиот Edge прелистувач, кој треба да биде лансиран заедно со Windows 10. Најновите информации за Edge велат дека безбедноста ќе биде на многу високо ниво, а за таа цел Microsoft ќе забрани употреба на постарите плагини, како и старата технологија за прелистувачите, ActiveX, кој беше претставен далечната 1996 година.

Ова е можеби и лоша вест за дивелоперите на plug-in апликации, но многу добра вест за заштитата од малициозни уреди за корисниците. Исто така, старите технологии веќе и реално не се потребни, бидејќи HTML 5 технологијата може целосно да ги замени.

А за постарите веб страници, кои се уште ја користат Active X технологијата, односно Flash за видео содржините, Edge ќе има вграден Flash читач во самиот прелистувач, исто како што има Google Chrome. Слично ќе се обработуваат и .pdf датотеките.

build420150428_web

Голема заштита ќе биде обезбедена и против инсталацијата на секакви тулбарови во прелистувачот, што е нешто што буквално го чекаме со децении. Да, ова значи дека BS Player нема веќе да ви го преземе горниот дел од прелистувачот, или пак досадниот Ask.com да ви го замени Google (Bing) како основен пребарувач.

Подобрувања ќе има и во развојот на екстензии и HTML 5 и CSS можности. Имено, тие нема да мора да користат специфичен Edge код за програмирање, туку истите ќе работат со стандардните кодови, што е пак вест на која дивелоперите веројатно ќе се израдуваат.

Edge ќе биде и првиот прелистувач на Microsoft кој ќе добива надградби директно од Microsoft Store пазарот за апликации, наместо преку надградба на целиот оперативен систем. Ова ќе овозможи многу побрзо добивање на сигурносни надградби, но и на нови функции и подобрувања.

Извор: Mashable

Претходна статијаПродолжување на животот преку јадење „тешки“ маснотии?
Следна статијаBing подобро ќе ги рангира страните кои се прилагодени за мобилните