Navigation

Со огромната популарност на мобилните уреди и нивно се поголемо користење за извршување на разни активности, се зголемува бројот на направени пребарувања преку нив, на сметка на класичните десктоп и лаптоп компјутери.

Google минатиот месец најави дека поради ваквиот тренд кој што се повеќе ќе се зголемува, тие ќе ја зимаат во предвид прилагоденоста на веб страните за прегледување од мобилните уреди, при нивно рангирање во резултатите од пребарувањето направено од ваквите уреди.

Mobile friendliness е терминот кој што се користи за оценка на тоа дали страните се доволно лесни за читање и навигација од мобилните уреди.

Оваа недела Microsoft најави дека и нивниот пребарувач Bing ќе почне да го вклучува овој фактор при рангирањето на веб страните во резултатите од мобилното пребарување. Тие истакнуваат дека страните кои што се најрелевантни за конкретното пребарување, а не се добро прилагодени, нема да бидат казнувани, односно ќе продолжат да бидат прикажувани високо на листата на резултати.

Промените во алгоритамот кој што ги рангира резултатите ќе бидат воведени во текот на наредните месеци, што значи сопствениците на веб страните кои што сметаат дека може негативно да бидат засегнати, ќе имаат време да ги прилагодат страните.

До официјалните промени во алгоритамот, Bing почна да прикажува ознаки до резултатите направени од мобилните уреди. До страните кои што се добро прилагодени за мобилните телефони стои ознаката Mobile-friendly.

Mobile-friendlytag

Од Microsoft исто така даваат и неколку насоки за тоа што се смета за mobile friendly веб страна. Страната треба да има големи копчиња и линкови кои што лесно се притискаат на екран на допир, буквите треба да се доволно големи за читање без корисникот да треба да ја зумира страната, хоризонаталното скролање на страната не е препорачливо, како и користењето на одредени додатоци кои не работат на мобилен.

Извор: Bing blog

Претходна статијаMicrosoft ќе ги отфрли старите додатоци кај Edge за зголемена безбедност
Следна статијаPeeple – идентификатор за вашата врата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.