Microsoft_Edge_logo.svg

Верзијата од Edge којашто ќе биде достапна со Anniversary Update од ова лето, автоматски ќе блокира Flash содржина на веб страните.

Поточно, системот треба да биде доволно паметен за да направи разлика помеѓу централна содржина, односно содржина во центарот на веб страна, како што е некое видео или игра. Оваа содржина нема да биде блокирана, а тоа ќе биде правено за страничната содржина, односно рекламните банери или други анимации.

Блокираната содржина ќе може да биде одблокирана, односно пуштена со притискање на истата.

Покрај целта за целосно прекинување на користењето на Flash, на сметка на поновите веб технологии, паузирањето на Flash придонесува и за подобрување на перформансите и поголема заштеда на батеријата кај уредите кој зависат од неа.

Ваква функција во својот прелистувач воведе Google, почнувајќи од Chrome 42 со што беше направен голем чекор кон дополнителното намалување на користењето на Flash како технологија.

Интересно е како воопшто се’ уште оваа технологија држи доволно голем дел од пазарот. Кога се работи за игрите и слично, можеби е разбирливо, меѓутоа не и за рекламите.

Google веќе не дозволува користење на Flash на нивната рекламна платформа, а веќе подолго време HTML5 е стандардната технологија на YouTube.

Извор: Microsoft, TNW

Претходна статијаVivo V3 и V3 Max се телефони од средната кои изгледаат како од повисоката
Следна статијаЌе му помогнеш на малиот Лео да ја однесе симпатијата на месечината?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.