Повторно како резултат на промените кои ги наметнуваат новите европски закони, Microsoft овозможи бришење на една од апликациите кои најмногу ги „натура“ на корисниците во секоја можна шанса.

Корисниците ќе можат да ја оневозможат или целосно избришат OneDrive, а од компанијата објаснија и како се прави истото.

Бришењето на OneDrive се прави едноставно, односно како и било која друга апликација во Windows. Корисниците треба да го отворат „Add or remove programs“ делот во Settings и да отидат во „Apps & Features“ каде ќе можат да ја најдат OneDrive апликацијата.

Од тука се што треба е да изберат Uninstall, по што OneDrive веќе нема да ја има на Windows.

Доколку корисниците не сакаат да ја користат апликацијата, но сепак не сакаат ни да ја избришат, истата можат да ја оневозможат. Тоа се прави со одење во OneDrive Help and Settings иконата до која се доаѓа преку десен клик на иконата од апликацијата. Потоа треба да се отиде во Account делот, па на „Unlink this PC“. Со ова ќе престане синхронизирањето, но податоците ќе останат и ќе може да се пристапи до нив преку веб.

Во било кој случај, податоците во OneDrive остануваат, односно корисниците нема да ги изгубат.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаAirbnb го забрани користењето на безбедносни камери во внатрешниот дел од просторот кој се изнајмува
Следна статијаTikTok изгледа планира да претстави конкурент на Instagram
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.