Airbnb ја промени својата политика во однос на поставувањето на безбедносни камери, кои досега беа дозволени да ги има внатре, поточно во просториите како дневната соба, ходниците и слично, но не и во спалните соби или бањите.

Новите правила целосно ја забрануваат употребата на камери во внатрешниот дел од просторот кој се изнајмува, но се поставува прашањето дали ова ќе може да го реши проблемот со поставување на скриени камери.

„Нашата цел беше да создадеме нови, јасни правила кои ѝ даваат на нашата заедница поголема јасност за тоа што да очекуваат на Airbnb. Овие промени беа направени во консултација со нашите гости, домаќини и експерти за приватност, и ние ќе продолжиме да бараме повратни информации за да се осигуриме дека нашите политики функционираат за нашата глобална заедница“.  – истакна шефот за политика и партнерства во заедницата на Airbnb, Џунипер Даунс.

Од компанијата најавија и промена на правилата за поставување на камери надвор од просторот. Истите ќе може да се постават, но нивната поставеност ќе мора да биде истакната уште за време на изнајмувањето. Исто така, овие камери нема да смее да снимаат внатре или во одредени ситуации кога и надвор има приватни делови, како што се тушеви и слично.

Сопствениците ќе треба точно да ги известуваат корисниците и за поставувањето на сензори, како што се тие за бучава, односно сензори за децибели. Истите нема да смее да снимаат што се зборува внатре и слично.

Доколку издавачите ги прекршуваат овие правила, Airbnb прво ќе истражи што се случува, по што може да го тргне просторот и дури да ја избрише сметката на издавачот.

Овие правила ќе почнат да важат од 30 април, а со тоа им се овозможува доволно време на издавачите да ги тргнат своите камери и слично.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаGoogle Maps и останатите апликации на Android ќе почнат поточно да ја прикажуваат насоченоста на уредот
Следна статијаMicrosoft овозможи целосно бришење на OneDrive од Windows
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.