infinit

Назад во 2013, компанијата Infinit создаде апликација за споделување датотеки што работи на принцип „peer-to-peer“. Практично, наместо да ги прикачувате дадотеките на сервер, па тој што треба да ги добие да ги спушта од тој сервер, датотеките се преземаат директно од вас. На тој начин се елиминира посредникот и се скратува времето потребно за извршување на целата процедура. Според Infinit, споделувањето документи е 5-20 пати побрзо во споредба со традиционалните методи.

Иако веќе 2 години постои апликација која работи на Apple компјутери, сега има верзија и за Windows.

Бидејќи нема ограничување на големината на датотеката, и бидеќи брзините се навистина големи доколку датотеките се движат помеѓу два корисника на иста мрежа, не е ни малку чудно зошто оваа апликација би била популарна.

Од друга страна, безбедноста е голема бидејќи нема посредници, нема сервери на далечина кои би можеле да бидат пресретнати од различни малициозни софтвери. Се’ се случува локално и приватно.

Според Infinit најголем бенефит ќе имаат дизајнерите, фотографите, видеографите и луѓето што многу често споделуваат проекти со колеги. Бенефитот кај корисниците од тие категории е поголем бидејќи најчесто датотеките кои ги споделуваат се доста големи.

Извори: PCWorld, TheNextWeb

Претходна статијаКако работи тачпадот на новиот MacBook?
Следна статијаНаучниците успеаа да преобратат клетки на рак во нормални имунитетни клетки