hopover-screens

Telenav до пред одреден период беа познати по своите апликации за мапи и навигација кои што се достапни на повеќе платформи. Од компанијата сепак сакаат да го прошират нивниот бизнис со претставување на нова апликација за iOS која што кога првпат ќе ја видите, веднаш ќе ви текне на Swarm од Foursquare. Тоа значи дека апликацијата е наменета за чекирање на местата каде што сте во моментот, како и откривање на другите во близина со цел да остварите контакт.

Сепак иако концептот на апликацијата во основа е ист со тој на Swarm, HopOver, како што е наречена, се разликува по одредени карактеристики, а вклучува и неколку специфични. Чекирањата се наречени Hop и за разлика од Swarm, оваа апликација вклучува сопствен messenger преку кој што можете да разговарате со вашите пријатели за полесно да се договорите, односно најдете на местата каде што одите. Покрај вашите пријатели, HopOver ви дозволува да ги видите и сите други луѓе кои што се во близина и ја користат оваа апликација.

HopOver ви овозможува креирање на настани, па сите кои што се заинтересирани можат да дојдат на местото кое што го имате избрано. Исто така, при чекирањата достапни ви се повеќе стикери, како и можноста да ги означите и вашите пријатели кои што се со вас.

Една додатна интересна функција е тоа што вашите чекирања, односно вашата локација е прикажана само одреден период по што истата веќе не може да биде видена. Исто така и настаните кои што ги објавувате остануваат само еден час по нивното објавување. Како што истакнуваат од компанијата, оваа функција на HopOver ја прави да биде како Snapchat само за вашата локација.

HopOver е достапна во продавницата за апликации за корисниците на iOS. Сепак со популарноста на Foursquare, односно Swarm прашање е дали оваа апликација ќе добие популарност, посебно во нашата земја. За да имате воопшто корист од неа, потребно е поголем број на корисници да ја користат.

Претходна статијаGoogle започнува да вози по македонските патишта за Street View
Следна статијаiOS 8 инсталиран на скоро половина од активните iPhone, iPad и iPod уреди
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.