advance_hero_large

Една од поважните работи при претставувањето на нов оперативен систем е неговата прифатеност од корисниците. Поточно, за сите е полесно и корисно да најголемиот број од корисниците се на една верзија од оперативниот систем, со што се овозможува подобра поддршка, апликации кои што се добро прилагодени и слично. Ова е нешто со кое што од Apple од секогаш можеле да се пофалат, а кога на тоа ќе се додаде и мала бројка на уреди кои што ги нудат, проблемите со различни верзии на софтверот и хардверот, скоро и да ги нема.

Најновата верзија од оперативниот систем, iOS 8, стана достапна за сите корисниците минатата среда, односно на 17-ти Септември. После само 5 дена од таа дата, iOS 8 е инсталиран на скоро половина, односно 46% од активните уреди во кои што спаѓаат iPhone, iPad и iPod Touch. Користењето на претходната верзија, односно iOS 7 изнесуваше 90% до претставувањето на 8-мата верзија. Ова се разбира се одлични вести за Apple кои што се гледа дека повторно нема да имаат проблем со фрагментација на оперативниот систем.

chart-9-21-14

Кога се пишува за процентот од корисниците кои што користат одредена верзија од оперативен систем, не може да не се спомне Android. Ова е еден од проблемите со кои што се соочува Google, кои што се обидуваат да ја намалат фрагментираноста на оперативниот систем, но и големиот број на различни уреди. Сепак моделот кој што го користат Google го отежнува унифицирањето на корисничкото искуство. Системот е отворен, па постојат голем број на секакви изменети верзии. Исто така, надградбите на најновата верзија зависат од големиот број на производители кои што имаат разни уреди, наспроти малата бројка на уреди од Apple.

Извор: The Verge, iClarified, Apple

Претходна статијаHopOver: Конкуренција на Swarm од Telenav
Следна статијаЈапонска градежна компанија сака да направи вселенски лифт до 2050 година
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.