После проверка на кодот на APK датотеката од Google Street View апликацијата, нешто што стандардно го прават од 9to5Google, откриени се делови кои укажуваат на тоа дека од компанијата планираат да ја исклучат оваа апликација.

Информацијата е потврдена и од страна на Google, а во неделите што следат треба да се очекува и тргање на апликацијата од продавниците, односно од Play Store и од App Store.

Целосно згаснување на Street View може да се очекува до крајот на март идната година, по што апликацијата веќе и нема да функционира.

Ваквата одлука на Google не треба да изненади. Сепак, повеќето функции од оваа апликација се достапни во главната Google Maps, па корисниците нема да изгубат нешто.

За тие кои ја користеа Street View за да придонесат со свои 360 степени слики, тоа ќе можат да продолжат да го прават преку веб страната на Street View Studio.

Единствената работа која ќе остане без замена е Photos Paths која им овозможуваше на корисниците да додадат слики од одредени локации кои не се официјално покриени од Street View.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаМаск најави зголемување на цената на Twitter Blue и полесно добивање на ознака за верификуван профил
Следна статијаКонцепт смартфон од Xiaomi може да му се додаваат Leica леќи како на обичен фото апарат
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.