Концепт на смартфон кој навистина вреди претставија од Xiaomi, компанија од која се очекуваат вакви иновативни производи. Се работи за доработен Xiaomi 12S Ultra на кого може да се додадат Leica M леќи и од телефонот да се добие професионален фото апарат.

Xiaomi 12S Ultra Concept Phone е наречен овој телефон кој секако дека не треба да се очекува во продажба, барем на во блиска иднина. Од компанијата имаат произведено многу мала бројка на уреди од овој концепт, во главно за негово презентирање.

Кај концепт верзијата додаден е уште еден камера сензор со големина од 1 инч, во средината од модулот кој има 50,3 мегапиксели.

Со одвртување на заштитниот дел од модулот за камерите, на него може да се додадат леќи кои обично се ставаат на фото апаратите, а оваа можност е направена во соработка со Leica.

Компатибилни со Xiaomi 12S Ultra Concept Phone се сите Leica M леќи, што значи дека корисниците би имале избор за тоа какви леќи би сакале да додадат.

Дали еден ваков уред би бил привлечен за професионалните фотографи, како и тие кои ова им е хоби, не е познато. Сепак, овие луѓе обично имаат фотоапарати, па прашањето е дали еден смартфон ќе може да ги замени нив.

Како и да е, Xiaomi продолжува да покажува дека се тука да иновираат и на пазарот да донесуваат интересни технологии кои ретко кој од конкурентите ги има во својата понуда, па и само како концепт.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаGoogle Street View ќе престане да постои како посебна апликација
Следна статијаInstagram преку веб страната добива нов изглед подобар за поголемите екрани
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.