google-keep-ios-screens

Можеби како корисник на iOS имате и повеќе од доволно избор на апликации за кратки белешки, но доколку сте поранешен Google корисник или едноставно ви се допаѓаат апликациите од оваа компанија, сега имате уште еден избор.

Google Keep е апликација која што Google ја претстави уште пред 2 години. Наменета да конкурира со тие како Evernote и слични, меѓутоа може да се каже дека никогаш не успеа. Сепак, Keep е одлично дизајнирана и едноставна апликација која што сигурно им се наоѓа на голем број на корисници.

Апликацијата е достапна на iPhone и на iPad, а по дизајн и функционалност е иста како на Android. Со Google Keep корисниците ги добиваат следните функции:

  • Пишување белешки, нивна промена, споделување и работа со други корисници
  • Додавање на белешки, листи, слики и аудио
  • Организирање на белешките со ознаки и бои
  • Потсетници базирани на време или локација

Google Keep за iPhone и iPad можете да ја симнете од AppStore или преку следниот линк.

СИМНИ ЈА GOOGLE KEEP ЗА iOS

Претходна статијаAndroid телефонот од BlackBerry ќе се вика „Priv“ ?
Следна статијаТри нови Lumia модели ќе бидат претставени на Microsoft настанот идниот месец
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.