950-950xl

Доколку ги следите неофицијалните информации кои што редовно излегуваат поврзани со долгоочекуваните нови Lumia модели, веќе очекувате да бидат претставени 3 нови модели. Настанот на кој што би требало конечно да дознаеме што точно ќе биде претставено е закажан за 6-ти октомври, односно за нешто помалку од 2 недели.

Дополнителната потврда дека информациите се точни доаѓа од компанијата AdDuplex која што исто така не ја исклучува можноста да биде претставен и четврт модел.

Според досегашните информации, вклучувајќи ја и најновата, Microsoft ќе ги претстави Lumia 950, 950 XL и Lumia 550. На овие три уреди се додава и Surface Pro 4 компјутерот, како и нова генерација од Microsoft Band.

Lumia 950 и 950 XL треба да бидат модели од високата класа, класа во која што од компанијата веќе одамна немаат претставено нов модел. Истото важи и за другите производители кои што би требало да покажат поголем интерес со излегувањето на Windows 10 за мобилните, а секако интересот ќе зависи многу и од популарноста на уредите од Microsoft.

lumia-550-leak

За разлика од овие два модели, Lumia 550 би бил продолжување на веќе не толку малата серија од мобилни од средната и ниската класа кои што редовно беа претставувани изминатите години.

Настанот кој што ќе го одржи Microsoft на почетокот од идниот месец, односно уредите кои што ќе ги претстави се од голема важност за успехот на нивниот најнов оперативен систем, како и генерално променетиот стил на работа.

Може слободно да се каже дека поголема причина за малата популарност на уредите со Windows Phone не е често споменуваниот недостаток на апликации, туку многу малиот избор на уреди, а посебно тие од високата класа кои што можат да ја направат целата разлика.

Доколку овие уреди успеат да го привлечат вниманието на корисниците, зголемената популарност на платформата би привлекла повеќе производители, како и повеќе програмери кои што ќе ги претставуваат своите апликации и ќе го намалат таканаречениот „app gap“.

Извор: PCWorld

Претходна статијаGoogle Keep достапен на iOS
Следна статијаНеоком прослави 1 година од претставување на neoCloud
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.