chrome-logo

Кога станува збор за Chrome веб прелистувачот, Google секогаш се обидува да ги опфати сите платформи за да ги добијат најновите можности и закрпи. Вчера iOS верзијата беше обновена со така наречениот “Material Design“ дизајнерски јазик кој веќе е дел од самиот Android оперативен систем кој пристигна со најновата верзија Lolipop, а потоа и на Chrome верзијата за Android. Покрај тоа, доби и оптимизации околу целокупниот оперативен систем и подобра поддршка за поголемите телефони како iPhone 6 Plus.

chrome-ios-screens

Исто така достапна е и поддршката за “Handoff“ опцијата која овозможува префрлање на некоја задача од еден на друг уред, без разлика дали е тоа компјутер или мобилен телефон. Можат да се забележат нови копчиња, анимации и бои низ интерфејсот, посебно во делот за преминување од еден на друг таб и Incognito режимот кој служи за целосно анонимно сурфање на интернет.

Покрај сите оние можности на Chrome, барем кога станува збор за платформата на Apple, веб прелистувачот на Google е сѐ уште во сенка на главниот и примарен прелистувач Safari кој го содржи неодамна преставениот Nitro енџин за кој се тврди дека е многу побрз и пооптимизиран од оној на Chrome.

Преземете ја најновата верзија на Chrome директно од App Store.

Извор: TechCrunch

Претходна статијаClock O’ Matic – Мултифункционален часовник за Windows Phone
Следна статијаLastPass достапна како десктоп апликација за Mac