lastpass-mac-f

LastPass се смета за еден од најстарите и најдобрите софтвери кога се во прашање нашите приватни лозинки кои не можеме секогаш да ги памтиме и поради тоа мора да ги зачуваме на некое добро и сигурно место каде што секогаш ќе ни бидат достапни.

LastPass за корисниците на OS X беше достапен само преку екстензија за Safari, Firefox и Chrome веб прелистувачите. После подолго време, компанијата лансираше комплетна декстоп апликација која претходно беше достапна само за Windows и Linux оперативните системи.

Иако многу не се разликува од екстензијата, LastPass декстоп апликацијата за OS X на корисниците ќе им понуди брзо пребарување, инстантно брз пристап до лозинките и сите оние други детали кои што ќе се зачуваат во неа. Исто така апликацијата нуди и многу поголема сигурност и заштита, анализирање на лозинките за тоа колкава е нивната сигурност и можност за правење на автоматски резервни копии за да биде овозможен офлајн пристап што е дел од премиум верзијата.

Целиот овој сервис е поддржан со реклами и тие можат да се отстранат со премиум претплатата за која се плаќа 12 долари годишно, а со неа доаѓаат плус некои функции како мулти-фактор автентикација и поголема корисничка поддршка.

Бесплатната верзија на LastPass e веќе достапна за преземање директно од Mac App Store.

Извор: TechCrunch

Претходна статијаGoogle Chrome за iOS со последната надградба доби Material Design
Следна статијаSunWireless ќе обезбедува интернет и за корисниците на Тотал ТВ