Google Chrome веќе е можеби најдобриот избор на Android кога се во прашање перформансите, а тоа исто така е случајот на Windows и другите платформи, иако има конкуренти кои исто така се одлични.

Сепак, Google Chrome на Android, ќе добие уште мало подобрување на стабилноста и перформансите со префрлувањето на апликацијата на 64-битна архитектура.

Ова можеби доаѓа како изненадување поради фактот што оперативните системи, хардверот и апликациите веќе одамна имаат поддршка и се направени во 64-битна верзија, па чудно е зошто Google толку време ја задржа 32-битната верзија од Chrome на Android.

Без разлика која е причината, Google Chrome ќе стане 64-битна апликација во месеците што следат, односно тие што ја користат верзијата за програмерите, како и дел од бета корисниците, веќе ја имаат истата.

Кога промената ќе биде официјална, сепак бројот на корисници кои ќе ја користат 64-битната верзија од Google Chrome нема да бидат во голем процент. Причината за тоа е што истата ќе биде достапна за корисниците на Android 10 и понова верзија, а знаеме колку време е потребно да помине пред повеќето корисници на Android да бидат надградени на најновата верзија.

Тоа значи дека Google Chrome 64-bit ќе може да се каже дека го користат повеќето корисници на Android дури идната година, па дури и тоа ќе важи изгледа од крајот на таа година.

Како и да е, промената нема да донесе огромни промени, но сепак тестирањата покажуваат дека може да се очекува одредено зголемување на перформансите, како и на стабилноста и безбедноста на апликацијата, нешто што секогаш е добредојдено.

ИЗВОРAndroid Police
Претходна статијаDiscord реши веќе да не биде место за комуникација само за гејмерите
Следна статијаНадополни и играј за iPhone SE 20
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.