browser-773216_640

Google Chrome, најпопуларниот интернет прелистувач во светот изминатите години, конечно тоа може да го покаже и со пазарната позиција. Според најновите податоци од Net Marketshare, Internet Explorer и Edge веќе не го држат првото место, а истото конечно го презема Chrome.

Дека ова ќе се случи е познато веќе одамна, а бројките на прелистувачите почнаа да се приближуваат пред 2 месеци, па се очекуваше и смена на позициите до ова лето.

Google Chrome го држи првото место со пазарен удел од 41,71% во април оваа година, додека Internet Explorer и Edge имаат блиски 41,33%. Chrome успева да ја преземе првата позиција прилично брзо, односно пред една година уделот на прелистувачот бил само 27%, што претставува голем раст.

Промена на позициите ќе имаше одамна да не беа големиот број на бизнис корисници кои мора да го користат Internet Explorer поради одредени компаниски апликации. Исто така, голем број на постари корисници се научени на овој прелистувач, па не се обидуваат да користат некој од поновите.

Google Chrome е главниот избор за останатите корисници веќе подолг период, па се очекуваше тоа да почне да се гледа и од бројките.

Microsoft сепак ќе се обиде да го задржи високото место со претставувањето на Edge прелистувачот кој покажува голем потенција. Тој е едноставен, брз, односно се што престана да биде Internet Explorer. Сепак, Edge е се’ уште во развој, па не му се достапни сите најавни функции, нешто што значително ќе се промени од ова лето кога ќе станат достапни додатоците.

Извор: Windows Central, Life Hacker, Net Marketshare

Претходна статијаSpaceX со второ успешно вертикално слетување на платформа во океан
Следна статијаMicrosoft ќе ја тргне наметливата Get Windows 10 апликација по 29 јули
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.