Microsoft_Edge_logo.svg

Порталот Computerworld веќе редовно изготвува анализи врз основа на податоците кои ги објавува Net Applications, во овој случај за пазарот на интернет прелистувачи.

Најновите бројки покажуваат интересен тренд, најверојатно очекуван од повеќето корисници, кој покажува дека Internet Explorer дури заедно со новиот Edge, нема да го задржи првото место на листата.

Овие два прелистувачи кои имаат повеќе верзии, но се бројат како еден прелистувач во статистиките на Net Applications, моментално имаат пазарен удел од 44,8%, што е пад од 12,6% во споредба со истиот период минатата година кога уделот изнесувал 57,4%. Падот под 50% пазарен удел се има случено во декември минатата година, а според темпото на пад на уделот се очекува тој да падне и под 40% до ова лето. Падот на пазарниот удел во период од еден месец изнесувал 2,1%.

microsoft_hangs_on_chart-100647819-orig

За разлика од прелистувачите на Microsoft, Google-овиот Chrome којшто го користат повеќето луѓе кои ги познавате, бележи раст на својот пазарен удел и доколку продолжи падот на IE, се очекува Chrome да го преземе врвот на листата.

Моментално пазарниот удел кој го има Chrome изнесува 36,6%, што е раст од 1,5% за еден месец, како и 11,9% од истиот период од минатата година.

Другите два популарни прелистувачи во главно го имаат задржано својот пазарен удел, односно Mozilla Firefox и Apple Safari се останати на второто и третото место без знаци дека тоа наскоро ќе се промени.

Голем удел според анализата на Computerworld во губењето на пазарниот удел на Internet Explorer е и одлуката на Microsoft да ја прекине поддршката на постарите верзии од овој прелистувач. Корисниците најверојатно наместо да ја надградат својата верзија на IE 11, во главно се имаат одлучено да го променат целосно прелистувачот.

Друга голема причина што Microsoft не успева да ги задржи корисниците е и новиот Edge прелистувач кој иако има одлични оценки, се’ уште може да се каже дека не е целосно довршен.

Microsoft Edge се’ уште ја нема добиено долгоочекуваната поддршка за додатоци, која е една од главните функции на еден прелистувач. Со додатоците корисниците ја прошируваат функционалноста на прелистувачот, а се трга и потребата од вклучување на голем број на функции од самиот старт.

По целосно завршување на Edge реално може да се очекува зголемување на бројката на корисници на овој прелистувач кој е од почеток развиен од Microsoft и е компатибилен со сите најнови веб технологии.

Извор: PCWorld

Претходна статијаMeta 2 е уред за гледање изменета реалност конкурент на HoloLens и чини само 949 долари
Следна статијаНеофицијална листа за надградба на Samsung моделите на Anroid 6.0 Marshmallow
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.