Логото на Google Chrome го добива своето прво освежување после 8 години. Сепак, после ваква најава би очекувале некоја драстична промена, но промените во логото ретко кој ќе ги забележи.

Во основа не се работи за редизајн, туку за мало освежување со промена на неколку делови во логото, а со тоа и иконите од апликацијата на различните платформи каде е достапна.

Логото на Chrome сега ги нема сенките, со што се добива повеќе рамен дизајн, а исто така поголем е синиот круг во средината. Дополнително, различните бои сега се поистакнати, а на нив е додаден градиент за полесно нивно „прелевање“.

Од Google истакнуваат дека имаат откриено дека поставувањето на боите една до друга, поточно зелената и црвената, прави одредена непријатност, а посебно по тргањето на сенките кои сепак оставаа простор за раздвојување на боите.

Иконата од апликацијата исто така ќе изгледа до некаде различно на различните платформи, односно истата ќе биде прилагодена на стилот кој го користи конкретната платформа. На Windows иконата ќе биде едноставна како и досега, на Chrome OS ќе има повеќе истакнати бои, додека на macOS ќе биде направена со мал 3Д ефект, како што се направени и останатите икони.

ИЗВОРTNW
Претходна статијаДостапни карактеристиките за уште не претставениот Oppo Find X 5 Pro
Следна статијаMicrosoft ќе го користи Dev каналот во Windows Insider за тестирање на функции кои може никогаш да не бидат пуштени за сите корисници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.