calendar_family

Најновата верзија од Google Calendar, односно таа досега достапна за Android корисниците, како што истакнуваат и од Google, конечно е достапна на iPhone. Се работи за истата апликација, па корисниците на iOS ќе ги добијат сите најнови функции на кои што работи Google.

Поради тоа што се работи за истата верзија, корисниците ќе го добијат новиот дизајн на Google Calendar кој што беше прилагоден според Material правилата минатиот Ноември. Исто така, покрај изгледот на апликацијата, на корисниците ќе им бидат достапни и функциите како што е преглед на настаните во календарот претставени во форма на картички со слики. Ова решение е навистина добро направено од страна на Google и го прави прегледувањето на настаните многу поедноставно.

Исто така, апликацијата ја има можноста за автоматско креирање на настани од Gmail пораките. Тоа се прави на тој начин што секоја порака во која што се спомнува одредена локација, време и дата, се додава во календарот како настан автоматски, па не мора тоа самите да го правите.

Google Calendar на iOS ќе работи со сите календари кои што ги има корисникот на неговиот телефон, па може да се каже дека таа е наменета да се користи како главна календар апликација на уредот.

Апликацијата е достапна во App Store и можете да ја симнете преку следниот линк.

app-store-badge

Претходна статијаНовиот Galaxy S6 го има најсилниот процесор во светот
Следна статијаТаксисти: „Нелојалната“ конкуренција и перверзијата на еднаквост дел 2
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.