Минатата недела излегоа информации дека Samsung ги намалува перформансите на апликациите со цел да се заштити уредот од прегревање, како и штедење на енергија. Ова во главно треба да се случува при играњето на игри, а системот кој е одговорен за прилагодување на перформансите е наречен Game Optimizing Service – GOS.

Иако од Samsung истакнуваат дека овој систем е тука да ги прилагодува перформансите само на игрите, други страни тврдат дека тоа не е така и дека системот влијае и на другите апликации, наводно на 10.000 апликации.

Овој систем е достапен на повеќето смартфони од Galaxy S серијата, вклучувајќи ги и новите S22, каде беше и откриена практиката.

Од Samsung не го негираат постоењето на вакви практика, иако негираат дека функционира надвор од игрите и најавија дека ќе пуштат надградба со која на корисниците ќе им се даде можноста да го исклучат системот.

Сепак, поради тврдењата дека прилагодувањето на перформансите се прави на сите апликации, а не само на игрите, но не и на апликациите за „бенчмарк“, како Geekbench, од оваа компанија решија да тргнат повеќе модели од Samsung од нивната листа со резултати.

Од Geekbench истакнуваат дека прилагодувањето на перформансите на апликациите, но не и на тие како нивната апликација, го сметаат за манипулирање на резултатите, па поради тоа ги тргаат од листата компаниите кои го прават истото.

Ова не значи дека корисниците на Samsung нема да можат да ја користат оваа апликација за тестирање, само значи дека нивните телефони нема да бидат прикажани во листата од каде може да се прават и споредби.

Geekbench ќе ги тргне S моделите од претходните неколку години, односно Galaxy S22, S21, S20, S10, како и FE моделите.

Ова не е првпат од Geekbench да направат вакво нешто, а познат беше и случајот со OnePlus, како и Huawei и Oppo.

ИЗВОРXDA Developers
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаРусија ќе прекине со испорака на ракетни мотори во САД
Следна статија„Макпетрол“: Снабдувањето со горива ќе се нормализира во следните денови
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.