Фото: Shutterstock.com

Поради познати причини, односно санкциите кои ги ставаат западните земји кон Русија, од земјата одлучија да го прекинат доставувањето на ракетни мотори за САД. Од Роскоскос изјавија и дека ќе биде прекинато сервисирањето на веќе испорачаните мотори, а оваа соработка постои уште од деведесеттите години.

Конкретно се работи за два ракетни мотори кои Русија ги испорачува во САД, а тоа се RD-180 кои се користат кај Atlas V, како и RD-181 кои се користат кај Antares ракетите.

Оваа одлука не би требало да биде голем проблем за САД кои веќе неколку години се тргаат од зависноста од Русија кога се во прашање вселенските летови. NASA веќе одреден период има договор со SpaceX за лансирање на опрема и луѓе, а од агенцијата имаат повеќе такви договори и со други приватни компании.

Според објавата на Reuters, директорот на Роскомсмос, Димитри Рогозин, во изјава за државна телевизија рекол „Во ваква ситуација не можеме да им доставуваме на САД од нашите најдобри во светот ракетни мотори. Нека летаат со нешто друго, со нивните метли, не знам со што“.

ИЗВОРTechCrunch
ИЗВОР 2Reuters
Претходна статијаTikTok привремено го прекина објавувањето на нови видеа во Русија
Следна статијаGeekbench тргна повеќе Galaxy S телефони од нивната листа на резултати по обвинувањата дека Samsung ги прилагодува перформансите на апликациите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.