Фото: Shutterstock.com

TikTok во текот на викендот донесе одлука да го запре објавувањето на нова содржина во Русија, вклучувајќи го и стримингот во живо. Тоа што ќе остане да функционира се пораките помеѓу корисниците.

Причината за ваквата одлука е донесувањето на нов закон во Русија според кој сите кои шират лажни вести за армијата или промовираат санкции кон земјата ќе бидат казнети, а тие казни може да бидат и до 15 години затвор.

Од TikTok истакнуваат дека прекинот во Русија ќе трае до истражувањето на влијанието кое би можело да го има новиот закон на вработените, како и на корисниците.

Во Русија изминатиот период беа блокирани Facebook, Twitter, како и одредени западни медиуми. Истата практика се случува и од другата страна, па западните земји ги блокираа неколкуте државни медиумски куќи од Русија, а посебно се истакна одбивањето на Елон Маск да ги блокира овие медиуми преку неговата компанија за сателитски интернет Starlink.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаМаск одби да ги блокира руските медиуми на неговата Starlink компанија за сателитски интернет
Следна статијаРусија ќе прекине со испорака на ракетни мотори во САД
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.