Фото: Shutterstock.com

Додека се води војната во Украина, во светот се води друга војна на пропаганда од западот и истокот. Веќе е очекувано дека и двете страни ќе ги блокираат спротивните медиуми, обвинувајќи ги за ширење на лаги и пропаганда.

Противењето на ваквата практика, со ретки исклучоци каде се повикува на убивање и слично, треба да е едноставна одлука зад која би застанале сите, но за жал секој верува дека неговата страна е во право, па се што се прави против другата страна е оправдано.

Елон Маск е меѓу ретките луѓе кој реши да не ја „игра оваа игра“, па одби да ги блокира руските медиуми преку неговата компанија за сателитски интернет Starlink.

Тој преку Twitter објава истакна дека на Starlink им било кажано од некои влади, но не и од украинската, да ги блокираат руските извори на вести. Тој продолжува со изјавата дека тие нема тоа да го направат, освен „по закана од оружје“, па се извини што е апсолутист за слободата на говор.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаOsom OV1 е телефон на кој работат поранешните дизајнери и инженери од Essential
Следна статијаTikTok привремено го прекина објавувањето на нови видеа во Русија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.