Essential компанијата, која ја основа Енди Рубин, основач на компанијата зад развојот на Android, започна со работа со големи надежи дека ќе претставува сериозна конкуренција на пазарот. Essential PH-1 телефонот беше првиот на пазарот кој дојде со мали рамки и само исечок за камерата, но тој сепак не успеа на пазарот.

Компанијата беше и официјално затворена во 2020, после најава на втор и нестандарден телефон, а брендот беше откупен од страна на Nothing, новата компанија која ја основа ко-основачот на OnePlus, Карл Пеи.  

Дел од дизајнерите и инженерите во Essential отворија нова компанија наречена Osom, која треба да продолжи да работи на пазарот на мобилни телефони, а од компанија истакнуваат дека еден од главните приоритети ќе им биде приватноста на корисниците.

Од компанијата прикажаа дел од телефонот, како и дел од неговите карактеристики, па имаме претстава што можеме да очекуваме да стане дел од пазарот.

Osom OV1 е името на телефонот кој веќе требаше да биде претставен, но е дојдено до кратко одложување, па се очекува дека ќе го видиме во месеците што следат.

Од тоа што се спремни да го дадат како информација од компанијата е дека телефонот ќе работи на некој Snapdragon чип, ќе има OLED екран, батерија која ќе може да издржи цел ден, а секако ќе работи на Android, иако не е познато која верзија и какви додатоци ќе има.

На задната страна ќе има две камери со 48 и 12 мегапиксели, а на предната една со 16 мегапиксели. Цената на уредот треба да биде под 1000 долари.

Тоа што посебно привлекува внимание е дизајнот на уредот и материјалите од кои ќе биде изработено.

Задната страна ќе биде изработена од циркониум керамика, додека страните од нерѓосувачки челик. Екранот на предната страна ќе биде направен од Gorilla Glass Victus.

Копчињата, како и рамката околу камерите ќе биде изработена од титаниум, па слободно може да се каже дека ова би бил еден од поквалитетно изработените Android смартфони.

На пазарот може да се каже дека нешто слично прави само Apple, додека Android конкурентите почесто се одлучуваат за пластика, стакло и алуминиум.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Android Police
Претходна статијаМакпетрол: Работиме без застој и рестрикции, со цел и граѓаните и компаниите без проблеми да функционираат
Следна статијаМаск одби да ги блокира руските медиуми на неговата Starlink компанија за сателитски интернет
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.