Starlink проектот од SpaceX на Елон Маск полека доаѓа до својата цел, нудење на интернет пристап во целиот свет. Оваа цел ја постигнуваат преку огромен број на сателити во пониската орбита на Земјата, нешто што нуди и предност во споредба со другите сателитски интернет конекции.

Маск најави дека доволно сателити за да се покрие целата планета и да се понуди сервис насекаде ќе има до август, по што сервисот од Starlink ќе биде достапен во целиот свет. Единствен исклучок се половите, односно Северниот и Јужниот пол.

Замислата на Starlink е да на овој начин се овозможи интернет пристап на места на Земјата каде тој уште не е достапен. Поради тоа што се работи за сателитски пристап со огромен број на сателити, локацијата веќе не е важна и на било која локација може да се добие квалитетен сервис.

Сепак, сервисот не е баш достапен за да почнат да го користат и корисници кои имаат и други алтернативи, а тоа е и целта. Месечно интернет пристапот од Starlink чини 99 долари, а потребно е да се плати и опремата за поврзување која чини 500 долари, иако од Маск истакнува дека истата чини повеќе и тие имаат загуба од неа.

Поради ниската поставеност на сателитите од Starlink, пристапот покрај тоа што е со доста голема брзина, тој исто така има мала латенција, а Маск ја споредува со оптичкиот и 5G интернет пристап. Одредени компании дури ќе го користат интернетот од Starlink како бекап за одредени свои мобилни базни станици.

Маск очекува дека во наредните 12 месеци бројот на претплатници ќе ја достигне бројката од 500.000.

ИЗВОРCnet
Претходна статијаWindows 11 се очекува да стане официјално достапен во октомври оваа година
Следна статијаЕУ ќе формира заедничката сајбер единица за справување со зголемениот онлајн криминал
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.