Од оваа недела Windows 11 им е достапен на корисниците, но во својата прва тест верзија која сепак не се препорачува за сите. Финалната верзија е најавена за некаде во есен, но тоа е период од три месеци кој прави голема разлика, а посебно за нетрпеливите фанови.

Датата која се очекува дека сепак ќе биде избрана за пуштање на финалната верзија е 20ти октомври. Причината за ова верување доаѓа од Microsoft кои на презентацијата на Windows 11 ја користеа оваа дата на календарот, како и на часовникот на таскбарот.

Исто така, за време на презентацијата, Панос Панај во разговор со еден од програмерите во компанијата ја споменуваат оваа дата, која сепак може да е за претставување на нов Surface производ, но секако може да е поврзана и со Windows 11.

Според информациите, Walmart во САД го најавуваа октомври како месец кога корисниците ќе можат да очекуваат бесплатна надградба на Windows 11, па слободно може да се каже дека повеќе знаци укажуваат на октомври, ако веќе не и точната дата.

Логично би било Microsoft да го пушти Windows 11 во октомври и поради тоа што најавија дека системот ќе стане достапен пред празниците кои во САД се стандардно во декември. Иако се можни одредени промени во датата, па пуштањето да биде во ноември, можеме да бидеме сигурни дека тоа нема да се случи подоцна.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Windows Central
Претходна статијаNothing ќе го претстави својот прв производ, безжични слушалки, на 27ми јули
Следна статијаИнтернет пристапот преку Starlink од SpaceX ќе биде достапен во целиот свет од август
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.