Starlink проектот од SpaceX е познат по тоа што во орбитата на Земјата има поставено рекорден број на сателити преку кои се планира овозможување на брз интернет пристап било каде на планетата. Овој сервис пред се е замислен да овозможи интернет пристап на места каде што нема достапност на друг начин, но сепак се очекува дека ќе се користи и од други корисници.

Според информација од SpaceX, компанијата досега има добиено 500.000 нарачки за нивниот интернет сервис. Овие нарачки сепак овозможуваат откажување, што значи дека останува да се види бројката која сервисот ќе им биде испорачан.

Инаку, сервисот од Starlink чини 99 долари месечно, а исто така се плаќа еднократен трошок од 499 долари. Со тоа корисниците добиваат се што е потребно за да можат да го користат интернет пристапот, заедно со Wi-Fi рутер.

Во коментар за оваа вест, Елон Маск истакнува дека сите кои го имаат нарачано сервисот ќе го добијат, но дека единствено ограничување ќе претставуваат густо населените урбани места. Според него, овие 500.000 корисници ќе го добијат сервисот, а предизвик ќе биде кога ќе се стигне до неколку милиони корисници.

ИЗВОРGizmodo
ИЗВОР 2CNBC
Претходна статијаDell издаде исправка за откриен безбедносен пропуст кај стотици модели
Следна статија8 мај, Светскиот Ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина и на Неделата на Црвениот крст на РСМ од 8-15 мај
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.