Безбедносен пропуст откриен од компанијата SentinelLabs ги има погодено огромен број на Dell компјутери, односно модели од 2009, па наваму. Dell издаде исправка за овој пропуст, па корисниците можат да бидат сигурни дека нивните компјутери остануваат безбедни.

Тоа што е најважно е што нема докази дека овој пропуст е искористен од страна на хакери, а исто така потребен е пристап до уредот во самата локална мрежа за да може да се искористи или испраќање на посебна датотека специјално за таа намена.

Пропустот е пронајден кај dbutil_2_3.sys „драјверот“ и Dell препорачуваат истиот да биде отстранет. Тоа може да се направи рачно или со симнување на Dell Security Advisory Update – DSA-2021-088 алатката. Исто така, корисниците може да почекаат до 10-ти мај кога оваа алатка ќе биде понудена за инсталација преку Dell Command Update, Dell SupportAssist и другите компаниски апликации кои доаѓаат со компјутерите од компанијата.

Од Dell исто така објавија и листа до погодени модели, па со оглед на тоа дека ги има многу, шансите се дека ќе го најдете и вашиот. Листата е достапна на овој линк.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаЛидерите од регионот умерено оптимистични за зголемување на економскиот раст во 2021
Следна статијаSpaceX досега има добиено 500.000 нарачки за интернет преку Starlink
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.