Shutterstock.com

Starlink проектот од SpaceX има за цел да ја покрие целата планета со интернет пристап. За истото се планирани повеќе илјади сателити во орбитата на Земјата, нешто што дури ги загрижи астрономите и нивната можност за набљудување на вселената.

Интернет пристапот од Starlink веќе функционира, но уште е во бета фаза. Поради тоа, интернет пристапот не е достапен за сите, а исто така искуството на тие што го тестираат покажува дека уште постојат одредени проблеми, иако интернетот е со одлична брзина.

Исто така, во оваа фаза корисниците се ограничени да ја користат опремата на една локација, односно на таа каде се имаат претплатено, а од Starlink не можат да гарантираат дека конекцијата ќе може да функционира на друго место.

Елон Маск најави дека до крајот на годината ќе се реши проблемот со покриеност, односно ќе бидат лансирани повеќето сателити кои ќе овозможат целосна покриеност.

Ова ќе ја донесе и предноста на мобилен интернет, односно покрај тоа што ќе може да се користи на било која локација, интернет пристапот ќе може да се користи и во движење.

Елон Маск објаснува дека опремата е доволно голема да не може да се користи во Tesla автомобилите или било кои други, па замислата е да се користи во камиони, авиони и слично.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаРецензија на Samsung Galaxy S21+ 5G – Телефон што не можете да не го купите
Следна статијаGoogle сака да го направи попрактичен и поубав делот за проверка на историјата од сурфањето во Chrome
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.