Темна тема имаат сите апликации од Facebook, освен главната апликација од мрежата. Десктоп верзијата веќе одамна има темна тема со редизајнот кој им стана достапен на сите корисници од септември, а дури и Facebook Lite апликацијата на мобилните има можност за вклучување на оваа популарна тема.

За корисниците на кои ова им е важно, чекањето изгледа полека доаѓа при крај. Од Facebook почнаа да ја пуштаат темната тема за повеќе корисници, а најверојатно повторно ќе помине одреден период додека стане достапна за сите корисници.

Информацијата за ова доаѓа од Џејн Манчун Вонг, која беше и првата која откри во кодот дека Facebook планира вакво нешто уште минатата година. Од Facebook ја потврдија оваа информација за Вонг, па дури направија и заедничко видео во кое се гледа како ќе изгледа темната тема, а има и разговор помеѓу нив во кој се потврдува информацијата.

Доколку ви е достапната темната тема, ќе можете да ја најдете во делот за прилагодување на апликацијата, односно треба да притиснете на трите линии во горниот десен дел од апликацијата. Потоа треба да се отиде најдолу, па на Settings & Privacy, па доколку темната тема е достапна за вашата апликација, можноста за вклучување ќе биде во овој дел.

Темната тема ќе може да се вклучува и исклучува, а достапна е и можност истата автоматски да се менува зависно од темата на уредот. Достапноста на темата е на двете мобилни платформи, односно корисниците на Android и iOS може да ја очекуваат во периодот што следи.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2PhoneDog
Претходна статијаYahoo претстави телефон од 50 долари за американскиот пазар
Следна статијаИстражување од MIT може да доведе до апликација која ќе ги открива асимптоматските носители на Sars-COV-2
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.