Shutterstock.com

Истражувањата покажуваат дека и тие кои не покажуваат никакви симптоми на Covid-19, но сепак се заразени со вирусот Sars-COV-2 кој ја предизвикува оваа болест, имаат одредени промени предизвикани од овој вирус.

Вештачката интелигенција може да ги забележи овие мали промени, иако се целосно незабележливи за човековото уво. Истражувачи од MIT универзитетот, кои веќе со години работат на ваков модел на вештачка интелигенција за откривање на други болести, објавија студија во IEEE Journal of Engineering in Medicine and Biology во која објаснуваат дека можат да ги откријат асимптоматските носители на Sars-COV-2 вирусот.

Начинот на којшто се прави ова откривање е преку присилно кашлање, како што го нарекуваат, поради тоа што тие немаат кашлица, па ќе мора истата да ја „одглумат“. Снимките од кашлањето се испраќаат преку мобилен или компјутер, по што се анализираат од моделот на вештачка интелигенција составен од повеќе делови.

Според MIT истражувачите, нивниот модел успешно ги има забележано 98,5% од учесниците во истражувањето кои имале потврден Covid-19, додека процентот кај тие кои немале симптоми бил 100%.

Тренирањето на АИ е направено преку повеќе илјадници звуци од кашлање, говорење и слични активности кои успешно се поврзуваат со можно заболување.

Посебно се истакнува дека овој модел не може да се користи од страна на луѓе кои веќе имаат некакви симптоми, затоа што истите може да се предизвикани од повеќе причини, не само од Covid-19.

Исто така, доколку еден ваков систем почне да се користи масовно, тој би бил само причина за тестирање, а не сигурен начин за дијагноза. Од MIT се надеваат дека ќе може да развијат апликација за мобилните која би добила дозвола од американската FDA, по што корисниците би можеле бесплатно да ја користат.

Една ваква апликација сигурно би направила голема разлика во намалувањето на ширење на вирусот од луѓе кои го имаат, но сепак не знаат и поради тоа немаат потреба да се тестираат. Ова посебно би направило разлика зимно време кога повеќето интеракции се во затворени простории кои ретко имаат доволно добро проветрување на воздухот.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2MIT
Претходна статијаFacebook почнува со помасовно тестирање на темната тема на нивната мобилна апликација
Следна статијаМакедонски Телеком со раст во интернет и ТВ сегментот и позитивен тренд на ИКТ услугите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.