facebook-messenger-android-md

Facebook Messenger во својот код „крие“ неколку работи кои може да бидат претставени во иднина како нови функции. Нив ги имаат забележано од порталот The Information, а конкретно во апликацијата за iOS.

Од тоа што го имаат забележано, се верува дека Facebook ја спрема можноста Messenger апликацијата да може да се користи за купување на производи. Се разбира, како сето тоа би изгледало и би се одвивало не може да се открие само од мал дел од кодот, па остануваат претпоставките.

Се верува дека корисниците ќе можат да купуваат производи од брендовите со коишто комуницираат директно од оваа апликација наменета за разговори.

Покрај оваа можност, кодот укажува и за функција „тајни разговори“, нешто што сепак е очекувано да дојде на оваа платформа. Повеќето други познати вакви апликации веќе нудат одредено ниво на енкрипција на разговорите, односно нивна тајност, а доста популарни се и апликации кои се направени специјално со ваква можност.

Во каква форма би биле тајните разговори не е познато, а истите може да бидат цело време енкриптирани или само по избор на корисникот, како што е случајот со Telegram Messenger.

Извор: TNW, The Information

Претходна статијаSamsung случајно го најави Galaxy S7 Active
Следна статијаПознатиот Transmission BitTorrent клиент конечно достапен на Windows
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.