untid

Cyanogen почна само како модификација на оригиналниот Android оперативен систем, но сега се наоѓа на солидно место на пазарот. Со оглед на тоа што веќе се испорачува фабрички со неколку уреди, можеме да кажеме дека добро напредува.

Целта на Cyanogen отсекогаш била да се одвои што е можно повеќе од канџите на гигантот Google. Партнерството со Boxer носи нова апликација за електронска пошта што ќе се испорачува со секој уред што ќе го има инсталирано оперативниот систем .

Апликацијата ќе биде прилагодена да се вклопува со изгледот на оперативниот систем Cyanogen, а на главната страна ќе стои „Powered by Boxer“. Сепак тоа е „pro“ верзијата на апликацијата Boxer за електронска пошта, со мали измени на изгледот. Корисниците практично ќе добијат „pro“ верзија бесплатно.

Апликацијата ќе ги поддржува истите работи како и оригиналната апликација, така што ќе има поддршка за сите големи провајдери за електронска пошта, и ќе може да се интегрира со повеќето провајдери на „cloud“ простор.

Иако оригиналната Gmail апликација ќе биде присутна засега, корисниците ќе бидат поттикнати да ја користат новата алтернатива. Сепак, Cyanogen Email нуди праќање на енкриптирани пораки со цел да се заштити приватноста.

Cyanogen Email ќе дојде преинсталирана на Cyanogen OS 12 што се базира врз петтата итерација на Android оперативниот систем, Lollipop. Cyanogen OS 12 ќе биде достапен за преземање за неколку недели.

Извори: The Verge, Engadget

Претходна статија90sync – Следење на информации за играчите во вистинско време
Следна статијаAmazon сака да воведе камиони за достава со вградени 3Д принтери