download

Светот на кафето е навистина разноврсен. Постојат толку многу примамливи комбинации што дури и тие кои не пијат кафе понекогаш се решаваат да пробаат некоја од нив. Сепак, повеќето од луѓето знаат да си направат само мал број од овие комбинации.

На помош доаѓа Coffee In – македонска апликација која служи да ви помогне да го одберете и направите совршеното кафе. Апликацијата е направена од Јордановски Александар т.е. Zec (неговата виртуелна компанија за развивање). Апликацијата ви овозможува повеќе категории на кафе како класично, фрапе, лате, егзотични, кафе од светот и кафен коктел.

unnamed (3)

Можете да одберете категорија и да одберете кафе. Сите ви се прикажани во привлечен, чист дизајн со слики на кои можете да се насладувате уште пред да почнете со неговото консумирање. По одбирањето на некое кафе следуваат инструкции за тоа како точно да го направите, кои состојки ви требаат и како се служи (најчесто една шолја). Апликацијата под рецептот ви сервира и цитати за кафе како и интересни факти. Дополнителна интересна опција е да одберете кафе по случајност. Со притискање на [Randomize] копчето апликацијата сама ви бира кое кафе ќе го прикаже за да го правите денес.

Инаку Александар „Зец“ Јордановски е економист кој се има одлучено да започне со програмирање за мобилни платформи. Започнува со Android платформата бидејќи според него е најдостапна. Ова е неговата прва апликација и можеме слободно да кажеме дека е навистина импресивна. Му посакуваме понатамошен успех и работа, бидејќи докажува дека од Македонија може да излезат и навистина квалитетни и модерни производи како Coffee In.

Извор: Google Play – Coffee In

Претходна статијаMarkO денес ја објави својата прва бета верзија
Следна статијаПретставени првите Steam машини