iPhone 11, iPhone 11 Pro, Apple Wtach Series 5 – што се претстави Apple на нивниот настан оваа недела

Во вторникот Apple го одржа својот настан на којшто ги претстави своите очекувани уреди, како и уште неколку други работи поврзани со нивните сервиси.

Главните на настанот секако беа трите нови генерации на iPhone кои сега ги носат имињата, iPhone 11, iPhone 11 Pro и iPhone 11 Pro Max. Тие доаѓаат со новиот A13 Bionic чип којшто покрај подобрувањето во перформансите, треба да им овозможи подолго траење на батеријата, а телефоните добија и по уште една камера.

Apple Watch Series 5 е тука, како и нова, седма, генерација од основниот iPad модел којшто сега има нешто поголем 10,5 инчен екран и работи на новиот iPadOS оперативен систем.

Секако, едно е да прочитате за новите уреди од Apple, а друго е да се види нивното претставување преку самиот настан, а тоа посебно важи кога Apple претставува нешто.

Целиот настан можете да го погледнете во продолжение, а скратена верзија од истиот ако ви треба само едно сумирање на што беше претставено, ја имате на почетокот од оваа статија.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.