На вчерашниот Apple настан, покрај трите нови iPhone модели, Apple ја претстави и петтата генерација од нивниот паметен часовник, Apple Watch Series 5. На пазарот за паметни часовници уште не може да се каже дека корисниците се имаат навикнато, па продажбата се очекува да порасне значително во иднина, но Apple може да се каже дека е до некаде исклучок од ова, а нивниот часовник прави одлични продажби.

Главната новина во Apple Watch 5 е воведување на „always on“ екран, односно екран којшто цело време е вклучен. За да го постигнат тоа и сепак да овозможат ефикасно трошење на батеријата од Apple користат комбинација на софтвер и технологија за екран, но сепак траењето на батеријата на Apple Watch е прилично послабо во споредба со конкурентите.

Apple Watch Series 5 исто така доаѓа со вграден компас со што на корисниците ќе им се овозможи многу подобро искуство при користење на мапите и навигација, а часовникот сега ќе ја знае точната насоченост.

Трета нова функција која ја истакнуваат од Apple кај нивниот нов паметен часовник е можноста за правење на итни повици во повеќето земји и се разбира кај моделот којшто доаѓа со посебна SIM картичка. Часовникот може да препознае кога неговиот корисник има падната и не се движи одредено време, по што се известуваат службите. Корисникот може и сам да се јави на итните броеви, дури и ако нема активирано некој памет на својата SIM картичка.

Apple Watch Series 5 работи на WatchOS 6 којшто на корисниците им донесува нови функции како предупредување доколку во околината е забележан силен звук којшто може да го оштети слухот на корисникот, како и можност за следење на циклусот кај жените.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.