Apple оваа недела ја одржа својата позната WWDC конференција на која ги претстави новите верзии од iOS и macOS. Поинтересни беа претставувањата на посебна и надградена верзија од iOS специјално наменета за iPad, наречена iPadOS која ќе има посебни функции само за таблет компјутерите, како и новата и редизајнирана машина за професионалците, Mac Pro.

На овој настан Apple ја претстави, поточно најави, а ќе биде достапна со останатите оваа есен, новата, шеста верзија од watchOS. Оваа верзија не донесува некои драстични промени кои би го промениле начинот на работа, но затоа донесува подобрувања во повеќе области, како и нови апликации.

Главната промена кај watchOS 6 е што тој ќе почне да функционира нешто помалку зависно од iPhone. Тоа значи дека апликациите ќе можат да функционираат на самиот часовник без потреба од поврзување со истата апликација на телефонот.

Со тоа Apple ја донесува App Store директно на часовниците, па корисниците ќе можат да бараат и инсталираат апликации директно на нивниот часовник.

watchOS добива и неколку нови „лица од часовници“, односно „watch faces“, па корисниците покрај тоа што добиваат неколку нови дизајни за својот часовник, тие ќе добијат и дополнителни информации кои досега не беа достапни.

Apple во оваа надградба става акцент и на функциите за фитнес и здравје. Корисниците ќе можат да ги видат своите трендови на вежбање во нов дел од Health апликацијата.

Две нови можности посебно се истакнати, а тоа е следењето на менструалниот циклус за жените, како и апликација која ја мери јачината на звукот во околината, па го известува корисникот доколку истата е многу висока, како на концерти на пример.

Новата верзија на watchOS ќе ја добијат корисниците на сите верзии од Apple Watch, со тоа што се истакнува дека постарите верзии сепак нема да ги добијат сите функции.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.