Еве еден краток список од топ 7 квалитетни и интересни содржини за секој ден од неделата. Од се по нешто, иако се знае на што е фокусот на овој портал.

  1. Понеделник: Говорот на Mike Rowe за работна етика. За понеделник, за мотивација. Mike Rowe е жива легенда кој стана познат со своето шоу Dirty Jobs во кое промовира технички „раднички“ работни места кои се страшно потценети во денешно време. Секако, ова е само мал дел од се што прави човекот. Главната порака е дека можности за работа и прогрес постојат секаде – ништо не е за потценување, не сме сите за професори, економисти и правници и тоа е сосема ок.
  2. Вторник: Легендарното гостување на Elon Musk кај Joe Rogan. На страна што можете бесплатно (забораваме какво богатство е ова достапно за секого!) да го слушате Маск два часа како зборува буквално за се, ова можеби е едно од најдобрите интервјуа во последната деценија. Kudos for Rogan.
  3. Среда: Култната радио-емисија на Orson Welles – War of the Worlds. Станува збор за познатата радио-емисија од октомври 30, 1938 година во која Велс ја адаптира книгата на H.G. Wells, War of the Worlds. За многумина е најверојатно најдобриот prank на сите времиња, бидејќи голем дел од слушателите помислиле дека се случува инвазија од вонземјани која Велс ја емитува in live.:)
  4. Четврток: My Crypto got hacked, приказни објавени од Ledger за украдени или изгубени крипто-валути и важни лекции за зголемување на безбедноста во оваа област.
  5. Петок: Погледот на Wired зошто паѓа цената на Bitcoin, овој пат.
  6. СаботаШто е сменето по leak-от на Edward Snowden, текстот од Ars Technica. Долг текст, таман за недела, во кој се анализира што е променето институционално и политичко откако Сноуден ги објави интерните документи со кој се покажа дека NSA шпиунирала се живо и диво.
  7. Недела: За релаксација за крај на неделата бесплатно прочитајте ги првите 20 страни од графичката новела „Хашиш“ од Ѓорѓе Јовановиќ, по текст на Анри Мишо.
  8. Мemorable mentions: Интервјуто со Елеонора Поповска, успешен млад архитект во Германија. Омилен дел? Одговорот на прашањето „Правците на архитектурата во светот и тука во Македонија како да не се совпаѓаат, кои се вашите впечатоци?“
Претходна статијаHuawei го претстави неверојатниот звук на „Northern lights“, прв создаден во вештачка интелигенција
Следна статијаОптимизмот е понекогаш штетен (optimism bias)
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.