Продолжуваме со серијалот предлози на топ содржини за секој ден од неделата. Секако, воглавно се содржини поврзани со светот на технологијата, пред се крипто, но не е исклучително ваков тип на предлози. Зависно од неделата, ги споделувам оние содржини кои мислам дека го збогатуваат умот и се вредни за да се скрене внимание кон нив и на македонска јавност.

(Претходните предлози погледнете ги тука)

  • Понеделник: Говорот на Џон Мекафи за државата и блокчеинот во Малта е одличен предлог за почеток на неделата. Мекафи не потсеќа дека поентата на блокчеин технологијата, барем на криптовалутите, е да бидат базирани врз технологија која оневозможува цензура и е permission-less – зошто бараме дозвола од властите да ги користиме?!
  • Вторник: The True Cost (and Unseen Benefits) of Bitcoin Mining. Авторот одлично поентира за бенефитите на Биткоин системот во споредба со постојните монетарни фијат државни уредувања на начин земајќи ги предвид сите бенефити и ризици.
  • Среда: за средина на неделата искулирајте со овој одличен подкаст (The Evolution of Everything) каде што гостува Мет Ридли, феноменален мислител од Британија, кој дискутира за еволуцијата на се и сешто – од јазикот, културите, градовите па се до животот, универзумот и нашите умови.
  • Четврток: последниот број на The Control, newsletter-от на 1confirmation, за претприемачи и проекти во светот на блокчеин. Во секој број има и неколку текстови како required read за периодот (пр. објаснување на fork-от во Bitcoin Cash), така да, за оние кои го следат светот на крипто ќе најдат и добри препораки за текстови од оваа област.
  • Петокнешто сосема поинаку за крај на „работниот дел“ од неделата – мое кратко размислување за „сивата економија“. Често се споменува во последно време во економските дебати во земјава, па да расчистам неколку работи. 3-min read.
  • Саботамислам дека ова е многу соодветен предлог за викенд – одличен текст на Medium каде што авторот следел стотици блогови-сајтови на популарни луѓе низ светов и ги споделува најдобрите од нив. Може некоја од препораките ќе ви фати око (лично, си букмаркирав едно десеттина).
  • Недела: за крај на неделата, нешто порелаксирачки – предлог серија на Netflix. Оригинален хумор, во стилот на Монти Пајтон (нордиски), пародија на филмовите за викинзи. Најомилен дел? Акцентот на глумците. :)

 

Претходна статијаGoogle Search со нов дизајн на лентата на страната со резултати
Следна статијаWindows 10 ќе добие нови икони со дизајнот на тие на Office 365
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.