Во последната година сведоци сме на еден вид „злоупотреба“ (ако може така да се каже) на моќта која ја имаат друштвените мрежи. Имено, се почесто се цензурираат или забрануваат профили и ставови на десничарски, па дури и либертаријански автори (иако при правдањето, CEO-то на Гугл објаснуваше како може да се случува ова поради алгоритми и доминација на левичарски медиуми и рангирања, односно дека не станува збор за човечки фактор).

Ова отвори интересна дебата – дали приватни компании имаат право да блокираат содржина поради идеолошки, политички или слични причини. Од една страна, станува збор за приватни компании кои (треба да) имаат право да ги креираат правилата на своите платформи. И, генерално, ова е валидна позиција.

Но, приказната не завршува тука. Муабетот дека „можеби не се согласувам со тебе, но и те како ќе го бранам твоето право на слобода на говор“ е апликативен и со обратна логика. Можеш да имаш право на х, но не значи дека се согласувам со тебе и ќе ќутам.

Ова добро го објаснува Карл Ф. Израел во неговиот пост на слична тема.

„Само бидејќи имаш право на нешто, не значи дека тоа морам да го оправдувам. Можеш да критикуваш бизниси на различен начин, дури и кога не прекршуваат никакви закони. Патем, токму овие критики се од најголема важност.“

Зошто?

„Јавните критики [на бизнисите] имаат два важни ефекти. Прво, ја информираат јавноста како бизнисите навистина работат, бидејќи ретко кој ги чита формалните „услови за користење“. Од друга страна пак, јавните критики им даваат индиции на фирмите што мислат нивните корисници за нивното работење и постапување.“

Едноставно кажано, ако доволно луѓе (критична маса) мислат дека одредени практики не се во ред, бизнисите ќе бидат принудени да менуваат нешто. Барем ова е логиката на пазарната економија.

Карл Ф. Израел го завршува својот пост со порака:

„Важно е да се биде критичен. Го свртува вниманието на корисниците кон одредени опасности и, во најдобро сценарио, може истите да ги минимизира доколку компаниите реагираат соодветно и во корист на корисниците. И мораат, доколку сакаат да останат или станат главни на пазарот (со исклучок доколку не се заштитени бели мечки со крони државни интервенции).“

Или, каде е границата на моќта на друштвените мрежи? Каде што ќе одреди пазарот – а врз оваа одлука има илјадници фактори. Ако сакаш да пребегна она што ти го почитуваш, критикувај/пофалувај издржано. Ова е твојот „глас“ во процесот.

Претходна статија„Улогата на чистиот воздух во секојдневието“ – иницијатива на „Екотип“ и на меѓународното училиште НОВА
Следна статијаЗошто понекогаш треба да го ставиш мозокот на „airplane mode“
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.