Ако сте како повеќето луѓе, тоа било одамна. Секој ден сме изложени на надворешни стимули кои го крадат нашето внимание. Често можеш да слушнеш од познаници дека не можат да седат во соба без да биде вклучен телевизорот. Така не се чувствуваат осамени („Мора нешто да збори во соба“).

Ретко е и на работа да искусиш вистинска тишина. Работиме во отворени „океански“ простории кои оневозможуваат длабока концентрација. Тишината станува редок ресурс. А токму тишина ни е потребна повеќе од кога било.

Зошто?

За почеток, добра е за твоето здравје. Постојат истражувања според кои луѓето што се често изложени на врева (на пр. оние што живеат блиску до аеродром) имаат повисок притисок, повисоки нивоа на стрес и имаат поголеми шанси да добијат срцево заболување.

Во експеримент спроведен врз глувци било откриено дека кога тие поминувале два часа секој ден во тишина, развивале нови мозочни ќелии во хипокампусот (делот од мозокот одговорен за претворање на краткотрајни во долготрајни мемории).

Но, не се потребни ниту два часа. Само две минути поминати во тишина имаат поголем позитивен ефект врз нашето психичко здравје отколку исто толку минути поминати слушајќи „релаксирачка“ музика.

Кога сме во „тишина“ мозокот ја има слободата да истражува, да „буричка“ во имагинацијата, да анализира моменти и идеи. Кога нема надворешна дразба, тој не е офлајн, туку напротив, го евалуира она што дотогаш го абсорбирал. Но, ако постојано абсорбира, и не му ја пружаме шансата за саморефлексија, постојано ќе се наоѓа во реактивна фаза.

„Посети ја Финска“

Финците се чини најдобро ја познаваат моќта на тишината. Во својата медиумска кампања „Посети ја Финска“, тие ја употребиле тишината како најголем “selling point”.

„наместо да велиме дека е празно и тивко и никој не зборува за било што овде, одлучивме да го претвориме ова во нешто позитивно.“

Нареден пат кога ќе се најдете во хотелска соба, или кога ќе дојдете дома од работа, не посегнувајте по далечинското. Седете неколку минути сами, во тишина. На почетокот ќе се чувствувате непријатно. Но, после некое време, таа непријатност ќе ќе ја снема. Ќе остане благодарност што воопшто сте искусиле таков мир, и ќе се вратите за повеќе.

Претходна статијаЦензурата на друштвените мрежи: Каде е границата?
Следна статијаLenovo најави смартфон со 12 GB RAM и систем за „лизгање“ на камерата и другите сензори