Освен серии на Нетфликс, еве неколку добри предлози на текстови како да го пополните времето интелектуално (од се по нешто):

  1. Hackers will be the weapon of choice for governments in 2020. Ако ве интересира геостратегија, глобални односи (политички и воени) и како хакерството (ќ)е биде голем фактор во овие релации, бујрум. Сајбер-напади врз поединци или влади, мешање во избори, одмазда за бан за учество на Олимпијада, од се по нешто.
  2. Our pathetically slow shift to clean energy, in five charts. Колку и да посакувам да е поинаку, обновливите „чисти“ извори на енергија засега се’ уште се само маргина во енергетскиот свет. И покрај сите субвенции и олеснителни околности, електричната енергија генерирана на глобално ниво од обвновливи извори како % во вкупниот енергетски биланс е минимално зголемена – на сметка на нуклеарната енергија која исто се смета за „чиста“ (уделот на изворите на енергија од фосилни горива е скоро непроменет во периодот 2008-2018).
  3. 2010s: When the Media lost their gatekeepers. Медиа експертот Маршал МекЛуан објаснува како светот се промени во претходната декада и што може да очекуваме во следните 10 години, со фокус на промените во комуникациските технологии. Иднината е децентрализирана и тука?
  4. An elegy for cash: the technology we might never replace. Текст зошто кешот кој обезбедува приватност и слобода не треба да го потценуваме. Особено не во време кога шпиунажата и „ѕиркањето“ се длабоко навлезени во секоја пора од нашето живеење. И дека можеби е најдобро-достапна алтернатива за приватност и слобода што ја имаме?
  5. Препорака за филм: Official Secrets (2019). Кога САД е на ивица на војна со Иран, ова е одличен филм според вистинска приказна за лагите и манипулациите кои беа користени во 2003 со цел да се оправда воен напад врз Ирак – и обидот на една млада девојка „свиркач“ да ги разоткрие службите на Буш и Блер.

Уживајте.

Претходна статијаSamsung го доближува Galaxy до повеќе луѓе: Ги претставуваме Galaxy S10 Lite и Note10 Lite
Следна статијаТоп 10 содржини од 2019
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.